Нов хит во Дубаи!

Скапи накит бил отсекогаш особено ценет од луѓето со дебели банкарски сметки. Во 2006 година се појавија златни и сребрени заби, а сега стоматолошката клиника во Дубаи создаде златни забни протези со  дијаманти.

Шефот на клиниката доктор Маџ Наџи потврди дека добил сертификат за автентичност.

„Ние добивме сертификати за автентичност и чистота на злато и дијаманти, користени во забни протези, од Меѓународниот гемологичен институт во Белгија. Користени се десет грама 24-каратно злато и 160 тркалезни дијаманти од 2,5 карати”, раскажа д-р Наџи.

Сепак на богатите луѓе кои можат да си дозволат златните забни протези, не се препорачува да ги користат насекаде. Лекарите се категорични дека луксузниот додаток  не може да се користи за време на оброк.

- Реклама -