1. Stella Artois
Логото на оваа компанија за првпат е искористено во 1366 година, годината кога е и основана компанијата. Компанијата е инаку повеќе од добро позната во пивската индустрија.
2. Twinings Tea
Логото за првпат е употребено во 1887 година, а компанијата е основана во 1706 година, а овој лондонски бренд е еден од лидерите кога станува збор за чаеви и напитоци од чај.
3. Bass Ale
Логото за првпат се употребува во 1876 година, а компанијата е основана во 1777 година. Bass Ale е компанија чие лого е првата регистрирана трговска марка, бренд од страна на Британската Влада.
4. Shell Oil
Добропозната марка и на оние кои возат и оние кои незнаат ништо за автомобилите и моторните масла. Логото за првпат се користи во 1904 година, а компанијата е основана во 1833 година.
5. Levi Strauss & Co.
Уште еден светски познат бренд кој веројатно никогаш нема да биде заборавен. Логото на Левис за првпат се користи во 1886-тта, а компанијата е основана во 1837 година.
6. Sherwin-Williams
Логото на оваа компанија која е еден од лидерите во индустријата за специјални хемикалии е создадено, односно за првпат започнува да се користи во 1905-тта година, а компанијата е основана во 1866-тта. До денешен ден, седиштето на овој бренд е во Кливленд, Охајо.
7. Heinz
Логото на феноменалниот поставувач на стандарди во прехрамбената индустрија за првпат се користи во 1869-тта, годината и кога е основана компанијата.
8. Prudential
За нас помалку позната компанија, чија дејност се осигурителните животни полиси. Логото за првпат се користи во 1896 година, а компанијата е основана 1875 година.
9. Peugeot
Логото на европскиот гигант во автомобилската индустрија за прв пат се користи во 1850-тта, а Peugeot е основано во 1810-тта. Peugeot претходно беше лидер во бизнисот со велосипеди. Peugeot денеска е познат како PSA Peugeot Citroen.
10. Johnson & Johnson
Логото на најнежните производи за бебиња и за нега на телото за првпат се користи во 1887 година, а компанијата е основана во 1886 година, која најпрво дистрибуирала стерилни хируршки навлаки и опрема, за подоцна да стане позната во бебешките шампончиња и купки.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk