Зошто жените не се снаоѓаат со мапите, а мажите ги губат клучевите

Повеќе... Научниците во своите најнови истражувања ги бараат причините зошто жените имаат потешкотија со читањето на мапите, а мажите ги губат и не можат да ги пронајдат работите кои им се „под носот“.


map_1349695c.jpgНаучниците во своите најнови истражувања ги бараат причините зошто
жените имаат потешкотија со читањето на мапите, а мажите ги губат и не
можат да ги пронајдат работите кои им се „под носот“.

Тие веруваат дека половите разлики се производ на различните улоги во еволуцијата. Мажите морале да ловат и да го следат нивниот плен, па така станале повешти во ориентирањето во просторот, додека жените ги припитомувале и береле дивите плодови, па така се развила нивната способност за забележување на истите.

Оваа теорија произлезе од студијата која ги испитуваше различните пристапи на мажите и жените кон убавината. Истражувачите открија дека дел од мозокот, кој е одговорен за снаоѓање и свесност за просторот, е активен и кај двата пола кога тие се воодушевуваат на некоја убава слика или фотографија.Но, додека невроните на двете страни од мозокот биле стимулирани кај жените, кај мажите биле активирани само оние во десната хемисфера. Левата страна се активира при набљудување објекти во близина, додека десната е подобра во координација во просторот.

Научниците, на чело со Др. Francisco Ayala од Калифорнискиот Универзитет, веруваат дека разликите во начинот на кој жените и мажите ја набљудуваат убавината најверојатно се развиле на почетоците на модерниот човек. Ловењето, кое  традиционално била вештина наменета за мажите, барало способност за координација за да може да се следи движењето на животните. Способноста за забележување на објектите во близина била погодна за одгледување и пронаоѓање на плодови, овошје и корени, работа што најчесто ја извршувале жените.

„Жените се повеќе свесни отколку мажите за објектите кои кои опкружуваат, вклучувајќи ги и тие кои не се важни за моменталната ситуација или задача, но мажите се подобри во задачите кои бараат ориентирање во просторот“ според истражувачите вклучени во студијата. „Мажите таквите задачи ги решаваат користејќи се со стратегии кои се базираат на ориентацијата, вклучувајќи ги концептот за далечина и клучните насоки, додека жените ги базираат своите активности врз основа на меморирање на локацијата или знаменитостите и насокоте кои се поврзани со нешто на пр. „лево од“ или „десно од тоа“.“

- Реклама -