Секој има период во животот во кој се чувствува незадоволно и неисполнето. Со ваков проблем се справуваше и ова друштво од шетсмина Австралијанци, кои беа согласни околу тоа дека им е потребна некаква авантура во животот. Сепак, пред неколку месеци тие решиле да превземат нешто за да го променат тоа, и да ги исполнат своите соништа.
И покрај тоа што биле свесни дека пред нив ќе претстојат разни финансиски проблеми, сепак, сите дале отказ од местата каде што работеле и се преселиле во Канада. Таму, со заедничката заштеда, купиле стар училишен автобус од 1986-та година за 3.500 канадски долари.
Започнувајќи го таканаречениот „Project Moose“, ги купиле основните машини и материјали со кои целосно ја промениле внатрешната и надворешната структура на автобусот. Ги исфрлиле непотребните елементи, додале нови, а крајниот резултат бил удобно урбано катче идеално за шестмина авантуристи.
Кога конечно завршиле со уредувањето на автобусот, започнале да ја реализираат и нивната примарна цел, постојано патување и истражување на нови и досега невидени места и држави. Така, тие веќе три месеци неуморно возат низ Америка, а пред нив претстојат уште многу авантури.