Ако го гледате Светското првенство во фудбал, сигурно сте станале сведоци барем на неколку симулации и театарски падови. На компанијата за производство на кондоми Durex очигледно и е доста од сето ова, па во својата нова реклама Durex ги повикува потрошувачите да не глумат како на фудбалскиот терен, така и надвор од него.
Во смешната реклама група мажи и жени се собираат за да играат фудбал, издигајќи мелодрама на сосема ново ниво. На позадината на класичната музика, рекламата е полна со театарски паѓања и екстремни симулации, кои често се јавуваат во фудбалските натпревари.
На крајот на рекламата излегува натпис „Не се преправајте”, кој што сигурно има повеќе од едно значење.
Концептот за оваа реклама, според Adweek, дошла од едно истражување на Durex. Резултатите од него покажале дека 40% од испитаниците, односно 2 000 мажи би избрале да гледаат натпревар пред партнерот. Еве ја и рекламата која што сигурно ќе ве насмее: