Everland е хотел со само една соба, бања, кинг сајз кревет и фоаје. Она што го прави различен и уникатен е тоа што – бидејќи истовремено е и уметничка инсталација – овој хотел е патувачки т.е секогаш е на различно место. Everland се паркира на најнеобични места, како покривот на Музејот за современа уметност во Лајпциг во Германија.
Everland е хотел со само една соба, бања, кинг сајз кревет и фоаје. Она
што го прави различен и уникатен е тоа што – бидејќи истовремено е и
уметничка инсталација – овој хотел е патувачки т.е секогаш е на
различно место. Everland се паркира на најнеобични места, како покривот
на Музејот за современа уметност во Лајпциг во Германија.
Моментално хотелот се наоѓа во Париз, високо над градот, со спектакуларен поглед врз Ајфеловата кула од покривот на Palais de Tokyo. Со оглед на тоа колку е уникатен прстојот од една вечер во овој хотел,цената и не е толку претерана: можете да ја добиете оваа соба со уникатен поглед за 333 евра во текот на неделата и за 444 евра за викенд. Резервациите можат да се направат онлајн на официјалната веб страница на овој „патувачки“ хотел.