Светското фудбалско првенство 2014 ќе има многу големи играчи и голем дел од нив се непредвидливи, но оние кои се комбинација на талент со наклонетост на впуштање во непромислени ситуации, се оние навистина опасните.
Тие се оние кои можат да го направат најголемото влијание на турнирот. Ова се најопасните играчи на Светското првенство (во секоја смисла на зборот).
Луис Суарез (Уругвај)
Расистички навреди, гризање на противник. На светското во Јужна Африка остана запаметен по намерното играње со рака на гол линија, по кое следеше промашен пенал, а Уругвај продолжи во полуфиналето.
Но откако се врати од последната казна за гризање на противнички играч, ја пренасочи таа негативна енергија во полнење на противничките мрежи каде го израмни рекордот со 31 гол на 33 натпревари. Опоравувајќи се од повреда на коленото останува да видиме дали ќе го издржи притисокот на светското првенство или ќе постигне хет-трик против Англија и потоа буквално ќе изеде некого?
Антонио Касано (Италија)
Еден од ретките играчи кој има сопствен збор за неговите постапки (cassanata”), кој му беше доделен од тогашниот тренер на Рома, фабио Капело, потенцирајќи ги неговите испади и заканувања кон противникот.
Откако се опорави од мозочниот удар во 2012 се смири (како што и се случува после такво искуство). Како најстар напаѓач во италијанскиот тим, несомнено дека ќе се потпираат на неговото искуство и способност да направи разлика во големи натпревари.
Марио Балотели (Италија)
Играч кој од почетокот на својата кариера го привлекувал вниманието на јавноста. Безброј расправии со тренери, соиграчи, противници па дури и навивачи.Во еден момент дури си го запали и станот. Но никој досега не ги оспорил неговите фудбалски квалитети. Балотели можеби незнае да облече маица, но дефинитивно претставува проблем за противниците.
Серхио Рамос (Шпанија)
Еден од клучните играчи на Шпанија на светското првенство во 2010. Тој е рекордер во заработени црвени картони во Реал Мадрид (а има само 28 години). А, и му падна трофеј од раце под автобус. А, и понекогаш промашува клучни пенали.
Оваа сезона постигна 7 погодоци иако е одбранбен играч, од кои можеби најзначајниот во последните секунди против Атлетико Мадридж во финалето од Лигата на Шампионите со кој Реал Мадрид израмни, а потоа и победи.
Коло Туре (Брегот на Слоновата Коска)
Прво, скоро прележа маларија (по втор пат). Второ, годинава постигна еден од најлошите автоголови некогаш. И трето, понекогаш се преправа дека е продавач на автомобили по име Франсоа. А сепак останува еден од најсаканите фудбалери.
Со 33 години, најверојатно ова е последното светско првенство за Туре.Па затоа маларија или не, сигурно ќе даде се од себе.
Давид Луис (Бразил)
Одбранбен играч, играч на средниот ред и подвижен магнет за хаос- Луис може да направи сé и често пати се обидува да го направи тоа сето одеднаш. Гери Невил славно изјави: „Тој игра како да е контролиран од 10-годишник на PlayStation“ и ова останува најточниот опис за него.
Поткерпен со најдобри намери и поседување на неверојатен талент, Луис може да постигне гол против двете екипи во даден натпревар, случајно повредувајќи некого и поминувајќи го секој дел од тревата на теренот. Тој е најблиското нешто што фудбалот го има за Тасманиски ѓавол.
Џејмс Милнер (Англија)
Милер често пати е исмејуван за тоа што е извонредно кроток. Дури има и многу популарна пародија „Boring James Milner“ на Твитер. Вистинскиот Џејмс Милер тврди дека е во потрага по лицето зад овој профил, но очигледно е дека е само маска.
Тој всушност внимателно ја има зачувано оваа слика за себе со години, додека не се појави на натпревар носејќи јакна со аблем направена од уши и прави „финти“ со топката со кои прави Бразилците да изгледаат како бебиња кои се обидуваат да проодат. Тој ќе направи Салвадор Дали да изгледа како без имагинација и просечен. Бевте предупредени.