Од први јули, во вториот по големина шведски град Гетеборг, ќе биде тестирано шестчасовното работно време за службениците, но со задржување на одредена контролна група, која и понатаму ќе работи седум часа, очекувајќи да се докаже дека пократкото работно време го следи поголема продуктивност.
Доколку се потврдат очекувањата, наскоро во целата Шведска, законски ќе се работи шест часа.
Ако се потврди дека пократкото работно време резултира со подобро ментално и физичко здравје на работниците, тогаш ова рабтно време ќе се прошири на други сегменти на јавната управа.
Со оглед на тоа што во целиот свет, работното време трае предолго, време е овој експеримент да започне да се практикува насекаде.