Се чувствувате осамено? Изнајмете си пријател!

Осаменоста е навистина непријатно и тажно чувство, но за луѓето кои живеат во Русија, отсега има решение за овој проблем.

Во Санкт Петербург се појави нова услуга – се изнајмуваат лица кои ќе ги слушаат вашите маки, или за обичен разговор и некоја чашка пијалак.

Сервисот го основал Андреј Бјелов, кој одреден период живеел во Москва, а вели дека на идејата дошол за време на осамените ноќи кои ги минувал во главниот град на Русија.

hen-party-group-2

Андреј додал и дека во прв план е разговорот, а не алкохолот, но дека неговите вработени нема да одбијат вотка ако им се понуди.

Според неговите зборови, веднаш по покренувањето на сервисот, следувале јавувања на голем број на заинтересирани, од кои повеќето сепак се плашеле да примат странец во својот дом.

Тој уште истакнал и дека жените почесто се јавуваат да изнајмат друштво отколку мажите.

- Реклама -