Го чувате ли стариот телефон? Можете да го продадете за 1.000 евра

Се поголем број корисници имаат желба да се вратат на старите, класични мобилни телефони чија што батерија трае и по една седмица, едноставни се за користење и речиси се неуништливи.

Верувале или не, очигледно времето на „змијата“ се враќа. Имено, се поголем број корисници имаат желба да се вратат на старите, класичнин мобилни телефони, чија што батерија трае и поедна недела, за разлика од нивните „млади браќа“ паметните телефони.

Ова доведе до тоа што старите модели Нокиа, Моторола и Ериксон достигнаа цена и до 1.000 евра.

„ Постојат луѓе на кои што цената не им е пробле, па така имаме мобилни кои што чинат и повеќе од 1.000 евра, кога има голем интерес. Нивната цена е висока поради тоа што во денешно време истите не се пронаоѓаат лесно“, вели Џесем Хадад кој во 2009 година го покрена сајтот vintagemobile.fr.

Taка на пример, Nokia 8800 Arte Gold моментално чини 1.000 евра, додека обичната Nokia 8800 може да се купи за 250. Хадад мислел дека од оваа работа нема да има корист, но минатата година продажбата почнала да расте. Во претходните две до три години, на неговиот сајт се продадени повеќе од 10.000 стари мобилни телефони.

Во моментов најдобро се продава Nokia 8.210 по цена од 59.99 евра.

- Реклама -