Три очигледни знаци дека сте дехидрирани

Често се случува многумина да не ни знаат дека тие се дехидрирани, бидејќи тие не чувствуваат жед, но постојат видливи знаци кои укажуват на тоа.

Ова се три очигледни знаци дека сте дехидрирани:

Главоболка

Вашаето тело константно губи течност, што значи дека со тоа губи и есенцијални соли кои се одговорни за крвната слика. Што повеќе губите течности, толку повеќе крвниот притисок паѓа и доведува до помалку кислород во мозокот, што пак резултира со главоболка.

Урината е многу жолта

Доколку вашата урина има интензивна жолта боја, значи дека концентрацијата на сол е поголема од нормалната, и дека организмот не може добро да се исчисти и се собираат токсини. Ако вашата урина е проѕирна, тоа значи дека внесувате премногу течности- па затоа задржете ја средината.

Патите од запек

Водата помага во празнењето на цревата и нивното ефикасно чистење. Ако во организмот нема доволно вода, храната потешко ќе се движи и подолго ќе се задржи во цревата. Резултатот е непријатна надуеност и тврда столица.

- Реклама -