Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација. Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција.
Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти. Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.
Погледнете го видеото, во кое виртуелниот туристички водич, ќе ве прошета низ просторот.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.