Тригодишно момче тврди дека знае кој го убил во претходниот живот

Оваа језива приказна за брзо време ги обиколи медиумите ширум светот.Се работи за дете на три годишна возраст, кое живее во близина на  границата меѓу Сирија и Израел и тврди дека во минатиот живот било убиено со секира. Она што е фасцинантно е дека откако момчето го посетило селото во кое наводно живеело во претходниот живот, пронајдени биле скелетот, оружјето и убиецот.

Во својата книга „Деца кои живееле претходно: Реинкарнација денес“, германскиот терапевт Трук Хардо ја објаснува приказната за ова момче, како и приказни на други деца кои се сеќаваат на своите минати животи со неверојатна прецизност. Приказната на момчето од Голанската висорамнина ја забележала докторката Ели Лаш која пружала медицинска помош во појасот Газа, како дел од мисија на израелската влада во текот на 60-тите години. Пред да почине таа овој неверојатен феномен му го раскажала на Хардо.

2

Момчето било дел од верската заедница Друзи која припаѓа на еден облик на исламот и која живее на просторите на Сирија, Либан, Израел и Јордан. Реинкарнацијата во нивната култура е прифатена како факт, но неговата приказна и тоа како ги изненадила припадниците на оваа заедница. Момчето било родено со долг белег на главата. Друзите веруваат дека, како и некои други култури, белегот е поврзан со смртта во претходниот живот. Кога момчето доволно пораснало и проговорило на своето семејство му раскажало дека во претходниот живот било убиено со секира во главата.

Вообичаено старешините кога детето ќе наполни три години го носат на местото во кое претходно живееле доколку се сеќава. Момчето знаело во кое село живеело некогаш. Кога отишле таму, тој се сетил и на името кое го имал во претходниот живот.

Жителите на селото раскажале дека човекот, за кое момчето велело дека е негова реинкарнација, исчезнал четири години претходно. Семејството и пријателите на исчезнатиот мислеле дека залутал на непријателска територија бидејќи тоа често се случувало.

children-earth.jpg50

Момчето исто така знаело кој го убил во претходниот живот. Кога се соочил со убиецот, неговото лице пребледело, но сепак не го признал убиството. Тригодишното момче потоа им рекло на старешините дека може да ги одведе на точното место каде е погребано телото. На точно тоа место пронајдено е скелет на човек со рана на главата која одговарала на белегот што детето го имало до раѓање. Истотака е пронајдена и секира.

Кога се соочил со доказите, убиецот го признал злочинот. Ова е само една од приакзните за ваквите феномени. Науката за жал можеби никогаш нема да ги потврди овие приказни и да даде прецизни одговори.

- Реклама -