Течноста за миење на стаклата на возилото, како и фаровите, може да биде место за развој на бактерии кои предизвикуваат смртоносна пневмонија, позната како легионерска болест.
Ова го објавија од Американското друштво за микробиологија на симпозиум во Бостон, откако била испитана водата за прозорците на училишните автобуси во Аризона. Три четвртини од проверените автобуси во Аризона се со позитивен резултат за бактеријата, која предизвикува пневмонија, покажува студијата. Кога загадената течност се распрскува, истражувачите откриле нивоа на бактерии, кои се шират и може да предизвикаат легионерска болест.
„Течноста има потенцијален опасен извор на болест“, тврди доктор Ото Шваке, професор по микробиологија на Државниот универзитет во Аризона и водечки автор на студијата. „Таа е во форма на аеросол и луѓето се редовно изложени на нејзиното дејство.“
За тоа експертите препорачуваат да се користат само специјални автопродукти за налевање во резевроарчето за течноста на бришачите. Инаку, Легионерска болест претставува сериозна, потенцијално фатална, инфекција на белите дробови предизвикани од бактерии од родот Legionella. Болеста има интересна приказна, идентификувани е во 1976 година. Инхалацијата на микроскопските капки вода, кои содржат бактери е главен извор на зараза. Значаен извор се и системите кои користат природни езера како извор на вода, особено ако таа не била прецизно обработена. Болеста не е заразна, односно не се пренесува од човек на човек.