Во живо во едно германско ТВ студио додека главниот германски метеоролог Јерг Кахелман ја читал временската прогноза, пред камерите од никаде се појавила мачка која мавтајќи со опашаката почнала да се трие од ногата на водителот.

Кахелман само што почнал да ја чита двоминутната прогноза во студиото на Берлин веднаш по рекламите, кога наеднаш од никаде се појавила мачка.
Всушност бил мачор. Лупин воопшто не им попречил во работата на екипата бидејќи метеорологот го зел во рацете и продолжил да чита додека мачорот ја држел вперена шепата кон географската карта.
Никој не знае како мачорот успеал да влезе во студиото, додавајќи дека газдата на Лупин бил член од персоналот кој штотуку заминал на пат.
"Приметив кога почна да се трие од мојата нога и во тој момент помислив што сѐ би можеле да си помислат гледачите. Проценив дека најдобро би било да го земам во рацете. На мачките им е досадно кога се игнорирани. Затоа се погрижив да не биде запоставен", додал метеорологот.
{youtube}zP4zaMvV__4&eurl{/youtube}