Караоке – најиритирачкиот изум на сите времиња

Повеќе...

Караоке или "празен оркестар" популарноста ја добива во Азија, пред во осумдесеттите години да го зарази и остатокот од светот. Скоро 25% од Британците посакуваат оваа форма на забава која ја измислил јапонскиот музичар Иноу Даицуке во 1971 година никогаш да не била создадена. 


karaoke.jpg

Истражувањето на британската влада спроведено на 2500 испитаници, покажало дека караоке е најиритирачката работа некогаш измислена.
Скоро 25% од Британците посакуваат оваа форма на забава која ја измислил јапонскиот музичар Иноу Даицуке во 1971 година никогаш да не била создадена. 
"Среќен сум што го гледам караоке на врвот на оваа листа", рекол Кејн Крејмер, директор на Британското друштво на изумители. "Кога луѓето пеат караоке тие уживаат во тоа, но како дел од публиката јас гледам само некој кој не знае да изведува и нешто што не е воопшто згодно за слушање."
Караоке што значи "празен оркестар" популарноста ја добива во Азија, пред во осумдесеттите години да го зарази и остатокот од светот. 
Даицуке никогаш не го регистрирал својот изум, до кој дошол додека местел музички уред во автомобилот, кутија за жетони и појачало – оваа грешка го чинела според проценките 100 милиони фунти.
А за појавата на караоке во Британија заслужен е Ајвор Ербитер – тој и неговата ќерка Џоан ја донеле првата машина во земјата после посетата на саемот во Јапонија во 1987 година. 
"Можеби караоке е иритирачко во пабовите, но во секој случај дава шанса на милиони луѓе да откријат дали умеат да пеат", рекла Џоан. 
На листата иритирачки креации се најдоа и 24-часовните спортски канали, мобилните телефони и mp3 плеерите, будилниците како и интернетот. 
- Реклама -