Љубовните приказни од филмовите и книгите секогаш ни го допираат срцето, но кога таква приказна навистина постои тогаш зборуваме за нешто посебно, нешто вредно да се спомене.
Животот има свои подеми и падови, и само убавите моменти се оние кои нас нè исполнуваат и никогаш не треба да дозволиме да се заборават. Тоа го направил еден 88-годишен маж и тоа со само една кратка роденденска порака, посветена на неговата сопруга во која ги изјавил своите чувства. Ако сте заборавиле што е вистинска љубов, прочитајте го ова писмо:
„Кога и да забавам и погледнам во твоите очи,
сè уште ја чувствувам онаа огнена искра
која нас нè спои.
Се уште го слушам шепотот во срцето
кој прв пат ми кажа
дека сме создадени еден за друг.“
„Сакав да остарам со тебе. И го направив тоа.
Во моите очи ти си прекрасна
како оној ден кога те запознав.
Често пати сум ти кажувал, дека кога прв пат те видов,
ја видов најубавата жена на светот.
Денес тоа и сеуште си.
Ти благодарам што ми дозволи да го споделам животот со тебе.
Поради тебе ќе се искачам и на највисоката планина!“