Мет Менинг, 45 годишен инжинер од Охајо, за 4 месеци успеал да загуби 20 килограми, откако претходно се жалел на непријатни болки во пределот на срцето.Тој поради здравјето се одлучил на многу вежбање и здрава исхрана, па можноста да биде поупорен ја пронашол во шоуто Bodybuilding.com каде што успеал да покаже најдобри резултати.
За точно 4 месеци Мет ослабел 20 килограми и ја освоил наградата од 50.000 долари.
„Децата велат дека сега изгледам како суперхерој“, вели Менинг додавајќи дека не би успеал без поддршката од сопругата Кендис.
Мет Менинг имал 96 килограми, кога започнал да вежба.