Што да јадете за здрави коски, срце, мозок, очи или кожа?

Усните ви се сушат, чувствувате умор или болки во зглобовите?

Причината може да биде недостаток на важни хранливи состојки, кои можат да се надокнадат со правилен избор на храна.

Очи

Ако јадете јајца не ги фрлајте жолчките. Тие ги содржат антиоксидансите лутеин и зеаксантин, и каротеноиди, кои се борат против катаракта и макуларна дегенерација, водечка причина за слепило. И не се грижете, на Универзитетот во Масачусетс откриле дека ако се јаде во просек по едно јајце дневно, нивото на холестерол нема да се зголеми.

И изберете храна која е богата со бета-каротен, кој го одржува заштитен слојот кој ја прекрива рожницата.

Мозок

Сината риба од ладните мориња е одличен извор на омега-3 масните киселини DHA и EPA, кои можат да ја подобрат мозочната функција и да ја ублажи депресијата, вели д-р Елизабет Сомер, автор на книгата „Age-Proof Your Body“. Омега-3 масните киселини го спречуваат воспалението на мозокот и ги регулираат невротрансмитерите. И кељот е многу корисен. Студијата објавена во списанието Neurology покажува дека најмалку два оброка зеленчук дневно- особено зелениот лиснат зеленчук, како кељот- го успорува когнитивниот пад за 40 проценти.

Нос

Семките од сончоглед се храна за оние кои страдаат од поленска треска бидејќи содржат витамин Е. Истражувачите мислат дека смирува делови на имуниот систем кои се вклучениво алергиската реакција.

Коса

Screenshot_10

Ако сакате цврста и сјајна коса, јадете крем сирење со ниска маслена вредност, бидејќи е богато со протеини- 14 грама во половина чаша. Уживајте и во семките од тиква, бидејќи содржат цинк, вели д-р Фраческа Фуско, професот по клиничка дерматологија на Mount Sinai Medical Center во Њујорк.

Усни

Јадете ореви и ќе имате влажни и убави усни. Телото мора постојано да ги менува старите клетки од кожата со нови. Омега-3 масните киселини помагаат во регенерација на овој процес.

Нокти

Од сите извори на железо во супермаркетите, говедското месо е меѓу најдобрите. Ниското ниво на железо, кое е почесто кај жените, предизвикува анемија и може да доведе до кршливи нокти.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Гради

Брокулата обезбедува ензими кои можат да го запрат растот на клетките на ракот на дојката. Научниците од „Џон Хопкинс“ откриле дека една брокула има 20 пати повеќе ензими од зрелите растенија.

Срце

Аспарагусот е многу корисен за срцето. Италијанските научници откриле дека витаминот Б, односно фолната киселина го намалува хомоцистеинот, амино киселина која се верува дека доведува до воспаление, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Освен тоа, аспарагусот нуди и солидна количина на фолати, и други корисни хранливи материи за срцето, како калиумот. Пијте и темен сок од грозје. Сподер податоците кои доаѓаат од Универзитетот во Глазгов, виолетовиот сок од грозје е богат со феноли, моќни антиоксиданси кои ги „туркаат“ од срцето штетните слободни радикали.

Желудник и црева

Посегнете по сувите сливи. Богати се со растителни влакна, па дигестивниот систем работи како фино подесена машина. Тие можат да ја намалат и вознемиреноста на желудникот. Студија објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition покажала дека меѓу 74.000 анкетирани жени, оние кои јаделе повеќе растителни влакна имаат 49 проценти помалку веројатност да се здебелат. Секако, за дигестивниот систем многу се важни и пробиотиците, односно ферментираната храна.

Мускули и зглобови

Свежото сирење е богато со аминокиселини кои им се потребни на мукулите за растот. Протеините од урдата се „мајстори“ кога станува збор за помагање да се изгради телото. Удрата е особено добра, бидејќи е направена од сурутка.

Коски

Почесто грицкајте малку горчливо чоколадо бидејќи е богато со магнезиум, а тој е од големо значење за здравјето на коските. Магнезиумот создава кристална решетка која на коските им дава структура. Не е ни чудо што со магназиумот е поврзан со поголемата густина на коските. Уживајте и во храната богата со калциум.

- Реклама -