„Мајката е личност, која кога ќе види дека останале само четири парчиња торта, а присутни се пет луѓе, брзо коментира дека никогаш не сакала торта“, Тенева Џордан.
Секоја вечер, мајката легнува исцрпена и свесна дека дека и утредента ќе го работи истото. Сепак, за извршување на мајчинската должност не и е неопходна некоја огромна инспирација – еден поглед на децата таа сфаќа колку има смисла во секоја извршена обврска. Прочитајте ги овие духовите и мудри цитати за мајчинството и сетете се на нив секој пат кога мислите дека ви е претешко, а очите на вашето дете не се во близина.
„ Да донесете одлука да имате дете – тоа е важно. Тоа значи да донесете одлука дека засекогаш вашето срце ќе биде надвор од вашето тело“, Елизабет Стоун.
„ Чистењето на куќата додека се децата внатре е исто како чистење снег додека сеуште паѓа“, Ерма Бомбек.
„ Рацете на мајката, се поутешни од било кои други“, Принцезата Дајана.
„ Лудилото е наследно. Го добивате од децата“, Сам Левенсон.
„ Мајчинството е експеримент за тоа колку долго телото може да финкционира без сон и нега, се движи исклучиво од адреналин, кофеин и бебешка насмевка“, непознат автор.
„ Ако вашето дете никогаш не ве мразело, никогаш не сте ни биле родител“, Бет Дејвис.
„ Мајката секогаш мора да мисли два пати: еднаш за себе и еднаш за своето дете“, Софија Лорен.
„ Да имате деца е како да живеете во куќата на некое братство. Се е лепливо, а не сте сигурни зошто“, непознат автор.
„ Мајката не е личност на која можете да се наслоните, туку некој кој наслонувањето го прави беспотребно“, Дороти Фишер.
„ Да се биде мајка значи да се учи за силата која не сте знаеле дека ја имате и да се носите со стравовите кои не сте знаеле дека постојат“, Линда Вутен.
„ Запомнете дека зад секоја успешна жена стои корпа од валкана долна облека“, непознат автор.
„ Не постои начин да станете совршена мајка и милион начини да бидете добра“, Џил Черчил.
„ Не е лесно да се биде мајка. Ако е лесно и татковците би биле тоа“, Дороти Зборнијак (лик од серијата „Златни девојки“)