По примерот на најголемите светски трговски центри, омилениот трговски центар на Македонците Рамстор Мол најавува голема кампања која го носи името „Секој има среќен ден во Рамстор Мол”.
Oд 9 мај се до 1 јуни, секој петок, сабота и недела се среќните денови на потрошувачите на Рамстор Мол, кога сите категории на потрошувачи (момците, дамите и дечињата) ќе можат да купуваат на неверојатни попусти и да добијат подарок.
Среќните петоци, oд 17 до 22 часот се наменети за дамите, саботата е резервирана за момците, а секоја недела од 13 до 20 часот трговскиот подготвува посебна програма со попусти за најмалите.
„Секој има среќен ден во Рамстор Мол” e уште една кампања преку која Рамстор Мол ја покажува својата секојдневна грижа за верните потрошувачи. Претставници од трговскиот неодамна најавија дека во текот на 2014 година ќе следуваат голем број креативни и тематски забавни кампањи во Рамстор Мол.