Природно решение за поголема плодност

Доматот може да ги зголеми шанските за мажите при зачнување на дете, бидејќи го забрзува „пливањето“ на сперматозоидите, а може да го зголеми нивниот број и до 70 проценти, открива ново истражување.

 

Клучната состојка која што на доматот му дава црвена боја воедно би можела да биде клуч за машката плодност, тврдат научниците од американскиот Центар за репродуктивна медицина во Кливленд. Тие анализирале 12 претходни студии за неплодност како и влијанието на ликопенот од доматот на квалитетот на спермата.

Ако редовно јадете домат, го подобрувате квалитетот на спермата и го забрзувате движењето на сперматозоидите. Во некои случаи оштетувањето на спермата, ликопенот може да го подобри и да го зголеми бројот на сперматозоиди за 10 проценти, истакнуваат научниците.

– Влијанието на ликопенот на машката плодност е неверојатен, но потребни се уште истражувања за да се открие дали може со него да се унапреди третманот за неплодност, вели лидерот на истражувањето Ашок Агарвал.

 

- Реклама -