Google+ во топ 15-те апликации

comScore ги објави овогодиниешните бројки и оценките кои се однесуваат за мобилните корисници од САД, која оваа година известува само за топ апликациите, но не и за мобилните веб страници. Тие потврдуваат дека во минатите шест месеци, пазарот за мобилни телефони останува речиси непроменет, со Apple сеуште во водство и Samsung земајќ сé поголем дел.

На полето на оперативни системи, Apple губи удел, а Android и Microsoft добиваат.

Во поглед на генериран интернет соообраќај, имаме обратни разултати. Според, StatCounter , iPhone е одговорен за 52,2 % од мобилниот сообраќај во САД, а Android за 41,4%.

Подолу можете да ја видите листата на топ 15 овој месец споредени со топ 15 од претходните 6 месеци.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Листата не е многу променета, но важно е да се напомене дека Google+ сега е присутен.

Според comScore , паметни телефони имале 68,8% од од претплатниците во САД, а според анализа од The Guardian, во САД и Обединетото кралство се очекува до 2016 овој процент да се качи до 90.

Tекстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -