Дефинитивно има уметност во флертувањето- и имаме и наука која го поддржува тоа.
Ако вашите флертувачки способности недостигаат, тогаш е време да се смени тоа.
Истражувањата покажуваат не само што флертувањето помага во „одделот за врски“, туку флертот и можноста тоа да се прави добро, се многу повеќе ефектни од премногу добар физички изглед. По спроведување на истражувања во врска со техниките на флертувањето на места каде луѓето се во потрага по љубов, психологот др. Моника Мур открила дека „не им приоѓале на најпривлечните луше, туку на оние кои изгледале достапни и доверливи преку основните техники во флертувањето како контакт со очите и насмевка“. Лесно нели?
Тука ви претставуваме неколку интересни факти за флертувањето кои веројатно не сте ги знаеле, а веројатно треба.
1. Постојат 5 типа на флертување.
Можеби сте помислиле дека еден суптилен допир на раката или намигнување можат да бидат вид на флертување, но не се. Според Универзитетот во Канзас, всушност има пет видови на флертување: традиционално, физичко, искрено, игриво и учтиво. Додека 25 проценти „паѓаат“ на игривото флертување, 30 проценти се заинтересирани за искрениот флерт.
2. Контактот со очите може да ве направи попривлечни.
Не само што е голем сигнал дека сте заинтересирани, туку контактот со очи може да направи да бидете уште попривлечни на некој, кој инаку не би бил. Истражувањата покажале дека „меѓусебен непрекинат две-минутен поглед“ може да доведе до „зголемени чувства на страствена љубов“.
3. Допирањето дефинитивно е потребно.
Постојат три нивоа на допирање: пријателско (т.е. допирање на рамо или тапкање), разумно одракување (т.е. допирање околу рамото или половината, или подлактицата), и „нуклеарка“ односно допирање на лицето. Кога ќе бидете во можност, одете со „нуклеарка“, но без да бидете чудени околу тоа.
4. Играњето „тажок да се добие“ навистина функционира.
Да, вистина и студиите можат да го потврдат тоа. Правејќи се себеси да изгледате како „ограничени ресурси кои вреди да се имаат“ додека го оддржувате својот интерес и добитен билет. Луѓето го сакаат она што не можат да го имаат.
5. За мажите, годините не се фактор.
83 проценти од мажите велат дека се им е важно колку стари (или млади) се девојките. Кога станува збор за добро и забавно поминато време, годините не им „тежат“ на момците.
6. Начинот на кој зборувате е голем индикатор.
Можеби мажите не знаат да го употребат „секси гласот“ така вешто, но затоа жените имаат предност во оваа категорија. Ако се заинтересирани девојките зборуваат „глатко и брзо“, но ако не се, тогаш зборуваат „неодлучно и чудно“.
7. Како ја држите вашата главата…
Дами, научниците на Универзитетот во Њукасл, Австралија откриле дека „најпримамливо“ е кога жените ја држат главата малку нанапред со тоа што погледот ќе биде малку нагоре. Ова создава женствен изглед и момците го сакаат тоа. За мажите пак, треба да ја навалат главата наназат и да гледаат малку „под нос“, само не претерувајте.
8. Моќта на црвената боја е реална.
Дали ќе одберете црвен кармин или црвен фустан, црвената боја, исто така боја на моќта и самодовербата, ќе ги привлачат погледите на вас. Исто така, црвената боја дава знак на „поотворени за сексуални авантури“- ова можеби не е тоа што сакате да го постигнете, но треба да се знае.
9. Да се биде директен дава високи резултати.
Додека жените сакаат досадни реплики и отварања, мажите сакаат жени кои се директни. Нема ништо по секси од знаењето што сакаш, се разбира. Сепак, и мажите и жените се согласуваат дека „симпатичните“ пикап реплики се ужасни.
10. Тоа е добро за вас!
Чудно, нели? Но оние кои почесто флертувааат, шетаат наоколу со повеќе бели крвни-клетки, што значи дека тие навистина се и поздрави.