Во бурните денови понекогаш имаме потреба од малку одмор. Идеално место за тоа е градскиот парк. Добро одржаните градски паркови со чисти улички и градини со цвеќиња се радост за граѓаните.
Погледнете кои градови во светот можат да се пофалат со најубавите паркови:
Мелбурн
Кралската ботаничка градина во Мелбурн е една од најубавите градски паркови во светот. Зафаќа околу 100 хектари, во неа има неколку езера и 50 000 растенија, меѓу кои рози, кактуси, егзотични растенија од Кина и др. Во летните месеци по уличките се играат и театарски претстави.
Рим
Villa Doria Pamphili е најголемиот парк во градот. Некогаш тоа била градина која што водела кон благородничките куќи. Тука има убави цвеќиња, статуи и фонтани. Широките улички се многу удобни за љубителите на зеленилото.
Сао Паоло
Често го споредуваат Ibirapuera Park со њујоршкиот Централ Парк. Паркот ги отворил вратите во 1954 година по повод 400-тата годишнина на градот. Има мостови над водата, како и патеки специјално создадени за велосипедисти и тркачи.
Сент Луис
Можете да го поминете целиот ден во Форест Парк без да почувствувате дека изминал. Тука има музеј и зоолошка градина. По зелените ридови многу посетители седнуваат на пикник. Други крстарат на брод во езерото. Има посебно двојно шеталиште за возење велосипед и трчање.
Париз
Луксембуршката градина е едно од најпознатите мирни места во Париз. Тука има прекрасни ливади со цвеќиња, градина со орхидеи, овоштарник со круши и јаболка. Во паркот има куклен театар за деца, како и катче со лулашки и други омилени атракции за најмладите.
Ванкувер
Стенли Парк во Ванкувер зафаќа површина од 1000 хектари. Можете да возите ролерки или велоспиед по обележани патеки.
Њујорк
Централ Парк е една од атракциите на Њујорк. Можете да се одморате крај езерата и да се шетате по долгите патеки, по кои што целосно ќе заборавите дека се наоѓате во еден од најпрометните мегаполиси во светот.
Сан Диего
Во Балбоа Парк ќе се чувствувате како во друга димензија. Паркот има интересна архитектура, многу фонтани и убави улички. Не заборавајте да ја видите градината со рози. Тука се наоѓа и Зоолошката градина во Сан Диего.