Некои луѓе го споредуваат кивањето со оргазам, но очигледно постои некоја поврзаност, која што иако чудна – постои.Овие два феномена можат понекогаш да бидат причина една на друга. Иако, звучи како една добра анегдота, зар не? Како и да е, истражувачите дошле до заклучок дека постојат и мажи и жени кои киваат кога се сексуално возбудени. Ова најверојатно се случува како последица на „спој“ во нервниот систем, велат истражувачите.
Имено, и во носот како во генеталиите, постои ерективно ткиво. Така кај некој луѓе се случува да им се затне носот (да набубри внатрешноста) во текот на секс, а оваа состојба романтично се нарекува „Меден месец кивавица“.
Што се однесува до гласноста и звуците што се произведуваат во текот на кивањето, на тоа одговорот е едноставен: Секој кива онакако како што успева да се иконтролира или не успева во тоа… На здравје!