Кенет и Хелен Фелумли правеле буквално се заедно во текот на 70-годишниот брак. Можби и затоа не е воопшто чудно што еден без друг не можеле да живеат.
Кога Хелен Фелумли починала на 92 години во саботата наутро, нејзиното семејство знаело дека сопругот Кенет нема да се помири со крајот на нивната љубов. И навистина било така, бидејќи Кенет починал на 91 година, само 15 часа после саканата сопруга.
Двојката се запознала кога имале само 18, односно 19 години, и веднаш се заљубила. Се забавувале три години, пред во тајност да се венчаат во февруари 1944-та година. Имале 8 деца и живееле во Охајо.
Кога Кенет се пензионирал, двојката ги посетила речиси сите американски држави со абтобус, а дури и на последниот ден од нивниот живот тие појадувале заедно, држејќи се за рака.