Пролетта стапи на сцена и ги претвори сивите природни пространства во воодушевувачки обоени пејзажи. Природата се разбуди, а и желбата кај луѓето да уживаат во неа. Следниве дестинации гарантираат среќни мигови, прикажувајќи ја моќта на пролетта во вистинско светло.
Бон, Германија
Бон е местото каде Европјаните го имаат својот пандан на азискиот Фестивал на цутење на вишните. Расцветаните дрва формираат неверојатен тунел долж авенијата.
Клисурата на Колумбија Ривер, Северозападен Пацифик, САД
Кањонот е долг 130 километри и е импресивен сам по себе, а особено при промената на годишните времиња. Во пролет, илјадници и илјадници сончогледи цветаат во недопрената околина, формирајќи глетка од која запира здивот.
Фестивал на лалето, Холандија
Доволно е само да патувате по автопат и да налетате на прекрасните полиња со лале по кои Холандија е толку многу позната.
Хитачи Парк, Хитачинака, Јапонија
Посетителите го обожуваат паркот преку целата година, но на пролет, фасцинацијата е збогатена со илјадници лалиња и нарциси, што го прави паркот да е една од најубавите области за прошетка или возење велосипед.
Регионот Палуз, Вашингтон Стејт, САД
Неверојатната глетка е сочинета од пространите полиња со жито и репка. Константните промени на осветлувањето и боите придонесуваат овој регион да биде омилена мета на фотографите на пејзажи.
Округот Хвансун, Јужна Кореја
Глетката на езерото Серјанг Џе во пролет е едноставно магична. Дрвата цветаат во разни бои и се рефлектираат на површината на кристално чистата вода на езерото. Дополнителна доза убавина се и полињата со зелен чај околу езерото, но и низ целата област.
Провенс, Франција
Еден од најпопуларните региони во Франција. Во лето е премногу топло и има премногу посетители, па најдобро е да го посетите во пролет.
Кастелучио, Умбрија, Италија
Оваа не толку позната, но фасцинантна дестинација се наоѓа во срцето на Италија, на Апенините. Скијачите ја обожуваат за време на зимата, но на пролет областа ја покриваат илјадници и илјадници цвеќиња.
Фестивал на вишните, Јапонија (Сакура)
Можеби најпознатата прослава на пролетта се одвива во Јапонија, од крајот на Март, па се до средината на Мај. Вишните започнуваат да цветаат на југот, а расцутот како бран продолжува да се шири кон северните региони. Јапонците, како и туристите, се собираат во парковите и уживаат во пикници и излети под преубавите крошни.
Долината Скагит, Вашингтон, САД
Фестивалот на лалето во долината Скагит е мета на илјадници туристи секоја пролет. Сместена на падините на Моунт Бејкер, долината се претвора во разнобојна глетка за уживање. Лалињата цветаат непрекинато во текот на цели две седмици.