Секогаш е убаво да се вратите во минатото и да се сетите на луѓето кои го обележале нашето растење, а сме заборавиле дека постојат во старите кутии со децении. Затоа споменарите ни се особено драги.
Ве потсетуваме на дел од песните што кружеа во шарените тетратки.
Жолта дуња, зелен бор,
брзо чекам одговор.
Еднаш плачеше небото, еднаш паѓаше дожд.
еднаш бевме осмооделенци,
еднаш и никогаш повеќе.
На прозорецот чаша млеко,
јас те сакам оддалеку.
Во Росоман рамен, праските се родни,
во цело Скопје машките се згодни.
Ти си убав како цвет,
те сакам најмногу на целиот свет.
Нема да те сакам цела вечност, никој не може толку.
Но ќе те сакам , само еден дел од вечноста, а тоа е мојот живот.
Ако некого сакаш, пушти го да си оди,
ако се врати твој е,
ако не – никогаш не ни бил!
Ако постои сјај, тоа е во твоите очи.
Ако постои среќа, тоа е животот со тебе.
Ако постои тага, тоа е животот без тебе.
Ако постои љубов, тоа си ти!