САД подготвува тест на ново ласерско оружје

Американската армија ќе тестира ново ласерско оружје ова лето, што ќе се користи во морски услови.

Прототипот е нова и подобрена верзија на Laser Weapon System ( LaWS ) , кој го користат со години. Тој ќе биде инсталиран на бродот Ponce и ќе биде тестиран во Персискиот залив . Технологијата ќе и овозможи на војската нишанење во објекти кои претставуваат закана , без да користат муниција и експлозиви. Ова ќе биде  првото оружје од ваков вид , лоцирано на брод . Од армијата на САД посочуваат дека оружјето нуди „револуционерни способности ” .

Во последните неколку месеци тим од поморски инженери и научници работат на обновувањето на системот. Тие успеале да го обединат управувањето во една конзола , па само еден офицер може да ги контролира сите функции на ласерот и да пука , ако има таква команда .

Прочитајте и:  Од САД за Украина уште 1.7 милијарди долари помош

„ Со искористување на  контролер , сличен на контролорот за видео игри , морнарите ќе можат да управуваат со моќта на ласерот , за да исполнат голем број активности против опасност – од отстранување до целосно уништување ” , истакнуваат од Пентагон.

- Реклама -