Apple подготвува фаблет?

Според информациите кои се појавија за време на судскиот спор со Samsung, Apple во своето портфолио крие паметните телефони од средната класа и оние со поголема големина на екранот.

Слајдови од презенации за внатрешна употреба на Apple, предствевени за време на судскиот спор со Samsung, покажуваат дека компанијата има намера да претстави паметен телефон со поголем екран.

Според податоците од слајдови на компанијата, наменети за изготвување на стартегијата за оваа година, во 2012 година вкупната продажба на паметните телефони на глобално ниво се зголемила за 228 милиони парчиња, достигнувајќи 722 милиони парчиња.

Најголем раст беше забележан кај моделите на цена под 300 долари – 159%, а кај уредите со екран со големина над 4 инчи – 91%. iPhone не спаѓа во ниту една од овие категории, бидејќи претставуѕва премиум уред и не е со голем екран.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -