Вљубените парови во целиот свет сакаат да се почувствуваат стабилни, како финансиски, така и емоционално пред да станат родители. Меѓу листата за „најбараните нешта пред бебе” прво се забележува стремежот на партнерите да ја формализираат врската и да го остварат својот сон со венчавка. На второ место по значење, а за некои дури и на прво, е поседувањето на сопствениот дом, во кој што новото семејство мирно ќе може да ги одгледува наследниците . Желба број три се голем број патувања, купони и забава пред семејните одмори кои одат во комплет со купишта лопатки, гумени базени и песочни замоци.
Завршување со образованието исто така е меѓу приоритетите на паровите пред да се дополни семејството.
Меѓу скриените соништа на идните мајки е задржување на тежината и дури слабеење пред најсигурното дебелеење за време на бременоста, а исто така и доволно финансиски можности, со кои ќе си дозволат дадилка барем за првите три години по раѓањето на бебето. Дали би додале некоја желба кон наведените?