Дали сте подготвени за брак?

Бракот е една од најважните животни одлуки и затоа мора добро да размислите пред да го кажете судбоносното „да“. Прочитајте ги следните неколку совети и ако се пронајдете во барем половина од нив, тогаш веројатно треба да се прашате дали сте на правиот пат.

Свадбата поважна од бракот

Ако повеќе знаете за тортата што сакате да ја јадете на свадбата, или за цвеќињата и декорациите, отколку за карактерот на вашиот партнер, тогаш бракот дефинитивно не е за вас.

Довербата е најважна

Довербата меѓу партнерите е основниот темел за секоја цврста врска. Ако не му верувате на партнерот и постојано се сомневате во секоја неговата постапка, тогаш не сте доволно зрели за брак.

Не се гледате во улога на родител

Ако не можете да се замислите во улога на родител, а вашиот партнер постојано зборува за деца, тогаш треба да поразговарате за овие жешки теми пред да скокнете во тавчето.

Прекратко сте заедно

Ако на прашањето колку долго сте во врска со партнерот, одговорите пократко од две години, тогаш добро размислете дали брзате со одлуката.

Флертувате наоколу

Ако ја планирате свадбата, а истовремено флертувате наоколу и постојано комуницирате со други потенцијални партнери, тогаш дефинитивно нешто не е во ред.

Притисок

Сите ваши пријатели веќе имаат деца, а родителите постојано ве прашуваат што чекате. Иако не е лесно да ги игнорирате притисоците од околината, во овој случај слушајте ги единствено вашите желби.

- Реклама -