Според едно истражување од Чешка, според обликот на лицето може да се прочита интелигенцијата на луѓето.Имено, тимот од чешки научници, под водство на Карел Клеиснер смета дека ова е можно, но само кај мажите.
Во студијата која што била спроведена учевствувале 80 студенти од кои што 40 мажи и 40 жени, а нивните лица биле фотографирани со неутрален израз, без употреба на накит и козметика. На сите им било мереноIQ-то.
Потоа, фотографиите им биле покажани на 160 волонтери кои ја оценувале интелигенцијата и атрактивноста на лицето.
– Нашите оценувачи, мажите и жените го проценија нивото на интелигенцијата со најголема веројатност од фотографиите на мажите, но не и од фотографиите на жените, пишуваат авторите на студијата. На машките лица главно можело да се „прочитаат“ два аспекти на интелигенција: т.н. флуидна интелигенција, односно способноста за решавање на логички проблеми независно од стекнатото образование и фигуралната интелигенција која го користи умот при работа со слики и форми.