Човештвото ќе се соочи со масовно изумирање, ако не престане да расте

Големо изумирање и се заканува на Земјата. Причина за тоа   нема да бидат ниту падот на метеорити, ниту ерупцијата на вулкани,туку човекот, тврди познатиот полски антрополог Богуслав Павловски, професорот во Вроцлавскиот универзитет, соопшти „Комсомолскаја правда”.

Според научникот, ако населението продолжи да се зголемува со неверојатна брзина и не биде забавен природниот раст, ќе следи катастрофа.

„Или ќе се забави, или не очекува катастрофа – вели научникот.

„Размислувањето во стилот: сме постоеле, постоиме и ќе продолжиме да постоиме „или” човекот е господар на светот „ќе нè доведе до истребување “, додава тој.

Проф Павловски, кој раководи со катедрата по биологија , тврди дека секоја година ние трошиме за 50 отсто повеќе ресурси отколку што е во состојба да ни обезбеди Земјата.

„Односно ние живееме на кредит. Ова е невиден случај во кој даден организам – највисоката алка во синџирот на исхрана, добил толку голема надмоќ. Овој брз воз ќе излета од шините” – вели полскиот антрополог.

Како доказ за неговата теорија научникот ги усогласува статистичките податоци.

„На Земјата сега живеат околу 7,2 милијарди луѓе. Од 60-тите години на минатиот век на секој 12-14 години населението се зголемува во просек со по една милијарда! Сега стапката на пораст е малку помала, но не знаеме што ќе се случи во иднина. Разни истражувања, вклучувајќи ги и оние на СЗО и ОН, покажуваат дека во средината на векот населението може да достигне дури до 25 милијарди “- вели Павловски.

Според мислењето на научникот, најважниот фактор кој може да ја спречи катастрофата, е образованието на жените, бидејќи токму тие го контролираат наталитетот.

„Таму каде што жените се образовани и активни професионално, природниот прираст е помал” – нагласува тој.

Научникот е убеден дека мрачна иднина го очекува човештво. пандемијата и недостигот на вода може да доведе до гигантски проблеми. Според него е останато многу малку време, за да интервенираме во апокалиптични сценарија.

„Диносаурусите се доминантни на Земјата во текот на 170 милиони години. Homo sapiens – само 200 000 години. Самодовербата на човекот може да доведе до тоа, луѓето повеќе да не се „господари на светот “- заклучува професорот.

- Реклама -