Протекоа први слики на iPhone 6 од Foxconn

На интернет сајтот Weibo од Кина се поставени можеби првите слики од iPhone 6 од страна на инсајдери во Foxconn каде се произведува смартфонот. Од сликите може да се види дека iPhone 6 се уште е во тест фаза и се довршува неговиот финален дизајн кој да бидеме искрени на прв поглед е многу интересен.

Според сликите протечени од Foxconn на задната страна на iPhone 6 може да се забележи нов сензор за кој се претпоставува дека ќе служи за следење на срцето и другите витални функции преку работата со новата iHealth фитнес апликација.
Понатаму за дизајнот може да се даде заклучок дека ќе биде со нови и помали димензии од претходниот модел и ќе има заоблени агли, со претпоставка за дебелина на телото под 7 милиметри и големина на екранот од 4.7 инчи, а тука е и можноста за двоен сензор на камерата. Првите коментари се дека моделот премногу наликува на HTC One и дека постои голема можност ова да е некој постар прототип на iPhone или пак дека сликите не се веродостојни.
Текстот е објавен  во соработка со Telefoni.mk
- Реклама -