Зошто сосема нормално куче би одлучило да се валка во кал, измет или мртов леш од некое животно?
Ни се допаѓало тоа нам, или не, но некои кучиња навистина го прават тоа, а изгледа и гледаат големо задоволство во истото.
Според тврдењата на една теорија кучињата сакаат да прикријат силни мириси, оставајќи ги врз нив сопствените.
Други тврдат дека ова е инстиктивно однесување, Наводно, кучињата го прават тоа за да го прикријат својот мирис со цел да се приближат до пленот.
Или, едноставно, кучињата сакаат да уживаат во миризбата на одвратни нешта.
За да го спречите кучето да се однесува вака, погрижете се станот и дворот да ви бидат сосема чисти.
Во текот на шетањето, внимавајте во близина да нема ѓубре, или генерално „лепливи“ нешта во кои кучето може да се извалка.
Работете на „остави го тоа“ команда или „стоп“.
Ако е потребно, плеснете со дланките доколку видите дека ќе направи „нешто што не треба“. Во спротивно одвоите пари за шампон за кучиња…