Младите уметници од основното училиште Александар Македонски во трговскиот центар Рамстор во рамки на кампањата “Рециклираме и се маскираме” изработија прекрасна маска и декоративни елементи од рециклирани материјали. По тој повод изработено е и специјално видео кое има за цел да им помогне на сите деца кои ќе бидат дел од големиот екомаскенбал во Рамстор на 1 април, полесно да ја изработат својата маска.
Екомаскенбалот се одржува по втор пат во трговскиот центар, а кампањата е во организација на Рамстор и Пакомак.
Погледнете на следниот линк како младите уметници создадоа вистинско уметничко дело од рециклирана хартија: