Финти за погусти веѓи

Ако сте од жените кои не поседуваат природни густи веѓи,  во нашата статија ќе дознаете како да го постигнете тоа.Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да ги направите веѓите погусти без многу напор.

Нацртајте ги веѓите со молив 

Овој е начин е меѓу најлесните, со кои може да се направи веѓите да изгледаат густи. Важно е да користите молив за веѓи во соодветна боја за да ги исцртате веѓите  попрецизно на местата кои се ретки. Не камуфлирајте со молив, за да не изгледате премногу вештачки. Обидете се да ги исцртате веѓите со бел молив за веѓи, само како основа на контурите кои ќе ги следите потоа. Не излегувајте од  линијата. Користете молив за очи на природна светлина, без зголемено огледало.

Маркер за веѓи

Друга алтернатива се маркерите за веѓите, кои се многу лесни за упортеба, особено во тенките зони на веѓите. Тие овозможуваат фино и прецизно кадрирање, благодарение на нивниот тенок врв.

 Пудра за веѓи

Има специјални пудри за веѓи, со кои може да се направат веѓите потемни или посветли. Бојата на пудрата зависи од бојата на вашата коса. Не е задолжително да бидат во ист тон.

Четка за веѓи

За да постигнете убави и дебели веѓи  пожелно е да користите четка за веѓи. Со четката за веѓи може да ги организирате влакненцата. Секогаш треба да ја користите четка за веѓите нагоре.

 Балсам за веѓи

Дали знаете дека освен балсам за коса, постои и балсам за веѓи? Овој производ ќе направи веѓите ви повеќе мазни и убави. Балсамите за  веѓи се различни, затоа одберете соодветен за вашите веѓи и направете ги густи и убави.

- Реклама -