Хормонот што се ослободува за време на секс лечи анорексија

Анорексијата може да се лекува со хормон кој се произведува за време на секс и раѓање.

Студиите на британски и корејски научници покажуваат дека пациентите се помалку склони да бидат опседнати од типот на храната и телото по доза окситоцин.

Окситоцинот е хормон кој се ослободува природно за време на физичка конекција, како секс, раѓање и доење. Има претпоставки дека може да се користи за лекување за повеќе психијатриски нарушувања. Хормонот помага и за намалување на социјалната анксиозност кај луѓето со аутизам.

4-неделна студија спроведена во Австралија, покажува дека кај луѓето кои прифатиле окситоцин се намалуваат загриженоста во однос на тежината и обликот на телото.

При друго истражување, 31 пациенти со анорексија и 33 здрави луѓе добиле доза окситоцин или плацебо. Учесниците разгледале слики на високо-и нискокалорична храна и  луѓе со различна тежина и форми на телото. Луѓето со анорексија пред се се фокусирале подолго на слики на луѓе со дебелина и она што според нив е несакана форма на телото. Со внесувањето на окситоцин болните од анорексија покажале послаба наклонетост за фокусирање на слични „негативни” фотографии на храна и дебели луѓе.

Околу една на секои 150 адолесценти девојки во Велика Британија страдаат од оваа состојба.

- Реклама -