Соодветна храна за бремени жени

Оваа храна е  тестирана и позитивно оценета од  бремени жени.Имено,  секој ден бремената треба да јаде по една порција од следниве 5 групи на храна (придржувајте се до 5 поединечни оброци во текот на денот):

Порција млечна храна – една чаша јогурт, една или две чаши млеко, сирење или кашкавал (200 гр).

Овошје – по 2 плода на ден. Внимавајте доколку сте алергични на некои. Освен витамини и  корисни материи, плодот ќе ја намалипотребата од многу благо. Експертите советуваат дека е многу подобро да се најадете со овошје отколку со вафли или чоколадо, кои веднаш ќе се наталожат  по бутовите и стомакот!

 

Јадете многу зеленчук – нема ограничување! Само внимавајте да не претерувате со компирот.

Прочитајте и:  Храна која ја обновува цревната флора

Житни производи Потребно е  да јадете леб – пченкарен, по 1-2 парчиња на ден. Овесните снегулки се друг добар извор на јаглехидрати. Неколку пати неделно јадете по 1 сад леќа, грав или грашок.

Пилешко или риба – 200-300 гр месо на ден, најдобро варено или печено, да се избегнува пржената храна.

И уште:

Еднаш неделно може да се јаде една од следниве работи (но само едно од нив, по еднаш): парче торта, чоколадо или парче пица. Ако имате незадржлива глад, тогаш јадете овошје колку што сакате.  Заменете го  маслото со маслиново масло, бидејќи тоа содржи незаситени масни киселини кои се важни за формирањето и развојот на мозокот на бебето.

- Реклама -