Честопати децата знаат да наслушнат нешто, па потоа да поставуваат прашања што е многу тешко да се одговорат. Но, кога тие веќе го имаат пронајдено одговорот сами станува урнебесно, слатко, невино и волшебно.
Можеби можеме да научиме многу од нив?
Група истражувачи им дале задача на деца на возраст од 4 до 8 години да одговорат на прашањето „Што е љубов?“. Уживајте во одговорите
Во прилог дел од нив:
1. Кога баба ми доби артритис не можеше да се наведнува и да ги лакира ноктите на нозете. Дедо ми почна да ја лакира, па дури и кога он доби артритис не престана да и помага. Тоа е љубов! – Ребека, 6 години.
2. Кога некој те сака на посебен начин го изговорува твоето име. И ти знаеш дека твоето име е сигурно кога се наоѓа кај него во устата – Бил, 4 години
3. Љубов – тоа е кога одиш некаде да јадеш и му даваш од пржените компирчиња на тој со тебе, без да му бараш нешто за возврат – Дејзи, 6 години.
4. Љубов – тоа е кога се смееш дури и кога си уморен – Тери, 4 години
5. Тоа е кога мајка ми му прави на татко ми кафе па пробува пред да му го даде за да види дали е вкусно – Дени, 7 години
6. Љубов е кога на дечкото ќе му кажеш дека кошулата му стои убаво и после ќе ја носи секој ден – Ненси, 7 години
7. Љубов е кога кутрето ти го лиже лицето и покрај тоа што си го оставил само цел ден – Мери Ен, 4 години
8. Кога сакаш некого, трепките постојано ти мрдаат горе доле, а под нив гледаш само светли ѕвездички – Карен, 7 години
9. Љубов е кога мама ќе го види тато гол во купатилото и не мисли дека ова е грда глетка – Марк, 6 години
10. Ако некого не сакаш, немој да го лажеш дека го сакаш. Но, ако вистински го сакаш, кажувај го тоа почесто. Луѓето забораваат. – Џесика, 8 години
На крајот, авторот ја објаснил поентата на ова истражување. Неговата цел била да го пронајде највнимателното дете.
Победник било 4 годишно момче, чиј повозрасен сосед неодамна останал вдовец.
Кога го забележал старецот како плаче во дворот, седнал до него.
Кога мајка му го прашала што му рекол на соседот, детето и одговорило: Ништо. Само му помогнав да се исплаче…