Авионите летаат над нас веќе со децении, а има и денови кога ни изгледа дека на небото едвај има место за сите летечки објекти кои вешто се избегнуваат едни со други.Сигурно сте се запрашале барем еднаш колку авиони прелетуваат над нас?
Водечката британска авиокомпанија, која се занимава со контрола на летовите, NATS, објави видео-анимација која илустрира како во текот на еден ден изгледа воздушниот сообраќај над Еропа. Анимацијата е забрзана 1.440 пати во однос на реалното време.
Собирајќи ги сите податоци за летовите на територијата на нашиот континент, програмерите ја нацртале и анимирале рутата на секој лет поединечно. Мотив за оваа анимација компанијата пронашла во потребата да им укаже на луѓето за одговорноста и сериозноста во работата која што ја извршуваат.
„ Воздушниот простор е невидлива инфраструктура, но е важна исто колку и видливата, како патот и шините“, наведува NATS на својот блог.
Кога ќе се направи просек на еден просечен јулски ден, бројот на летови изнесува дури 30.000, од кои четвртина поминуваат низ воздушниот простор на Велика Британија.