Вашата сестра е дефинитивно личност која заслужува внимание секој ден во годината. Уште од времето кога бевте мали, си ги споделувавте сите ваши тајни и се заштитувавте и поддржувавте. Заедно се смеевте, се каравте, се шегувавте, плачевте, верувавте и сонувавте, а пред се секогаш бевте заедно во тешките моменти! Не е тајна дека секоја жена посакува внимание од најсаканите луѓе, а 8 март е една од приликите кога можете да ја израдувате со убав гест и да и дадете убав подарок.
Пред да тргнете во потрага по подарок, размислете каква порака сакате да пренесете со него. Цвеќето е најуниверзалниот подарок кој покажува внимание и топли чувства. Но, ако сакате да покажете колку многу ја сакате својата сестра, одберете подарок кој ќе и овозможи да се чувствува удобно во своја кожа и кој покажува дека се грижите за неа.
Производите на Еуцерин се преполни со скриена моќ и се одличен подарок за оваа прилика. За вашата сестра, топло ви ги препорачуваме производите од AquaPorin Activ колекцијата, кои и овозможуваат интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ви предлагаме да го искористите промотивниот пакет подготвен од Еуцерин специјално за овој ден- AquaPorin Light дневна крема + гратис 75 AquaPorin млеко за тело ! Вашата сестра ќе ви биде благодарна на уникатниот подарок за нега на кожата, кој ќе овозможи нејзината кожа ќе изгледа посвежо, поздраво и поубаво, баш онака како што сакате засекогаш да го запаметите нејзиниот лик.
Убавината е со Еуцерин!