Децата се скапи, тоа е факт. Храна, облека, школување, Фејсбук статуси…
Последново е редок проблем, но проблем кој го има татко од Мајами. Фејсбук статусот на ќерката го чинел 80.000 долари!
Патрик Снеј поднел тужба против својот поранешен работодавач – американското основно училиште Гуливер, поради отказот што го добил на основа на дискриминација по возраст, како што тврди тој. Ја добил тужбата, а судијата одредил дека училиштето мора да му плати отштета од 80.000 долари, но под услов Снеј и неговата сопруга да не објават никакви детали за спогодбата, никаде, никогаш.
И тогаш, нивната ќерка се логирала на Фејсбук и напишала:
„Мајка ми и татко ми го добија случајот против Гуливер. Гуливер сега официјално плаќа за мојата посета на Европа идното лето“.
Токму така, статусот значел прекршување на спогодбата, а со тоа станала неважечка и одлуката за исплата. 80.000 долари… *пуф* ги нема…
Поуката сами извлечете ја, ама бидете сигурни да не го заборавите делот дека вашите деца не треба никогаш да знаат колку и како сте докачиле одредена сума пари.