HTML е полово-пренослива болест, гигабајт е инсект, а USB е држава во Европа…

Vouchercloud.net направи онлајн анкета за да одреди колку знаење од областа на технологијата има во редовите на нивните корисници. Ги прашаа за значењето на најчестите технолошки термини. Резултатот… подобро да не прашаа. Од 2.392 Американци на возраст над 18 години, 11 проценти мислат дека HTML е ознака за полово пренослива болест, на пример.

Останатите резултати покажаа дека:

  • 23% мислат дека „mp3“ е робот од „Војна на ѕвездите“.
  • 27% сметаат дека „гигабајт (gigabyte)“ е инсект типичен за Јужна Америка.
  • 15% мислат дека „софтвер (software)“ е тип на мека и удобна облека.
  • 18% сметаат дека „blu-ray“ е морско животно.
  • 42% одговориле дека „motherboard“ e палуба на брод за крстарење.
  • 12% мислат дека „USB“ е кратенка за европска земја… United States of… Белгија? Бугарија?
  • 77% не знаеле што значи „SEO“, ама да бидеме искрени, ретко кој би знаел дека дефиницијата е „search engine optimization“.

Иронично, дури 61% одговориле дека е важно да се има добро познавање од технологијата во оваа ера.

html

Ако помисливте дека за оние што немаат многу врска со технологија, прашањата и не се така лесни, имајте во предвид дека одговорите биле понудени во форма на три опции, од кои само една е надвор од технолошките рамки, што пак е и главната контролна точка на анкетата.

Како и да е, резултатите се супер кога ќе се споредат со оние од анкетата на okcupid.com (сајт за запознавање), каде од уште поголема контролна група, 5% од мажите и 10% од жените одговорија дека Земјата е поголема од Сонцето… Можеби затоа се сами, нели?

- Реклама -