Самир Насри вели дека не стравува од Челзи во битката за трофејот во Премиер лигата, верува во успешен финиш на Манчестер Сити.
По 28. одиграни кола во Премиер лигата, Челзи е прв со четири бода предност пред Ливерпул и Арсенал.
За разлика од ривалите за титулата, Манчестер Сити има одиграно два натпревари помалку и има заостанување од шест бода зад Челзи, доколку тимот на Пелегрини ги добие овие два дуели ќе се искачи на првото место поради подобрата гол разлика.
„Не се плашам од Челзи ниту од другите во лигата. Има уште многу да се игра и сите ќе имаат тешки натпревари” – вели Насри.
„Доколку ги добиеме двата заостанати натпревари, ќе бидеме на врвот. Но подобро е да не зборуваме за тоа, туку одговорот да го дадеме на теренот”.
„Ќе биде тешко и Ливерпул е тука, но ние не се плашиме, веруваме во себе, веруваме во успех”.
Teкстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk