Повикала полиција затоа што со години немала секс.
Госпоѓата на куќниот праг го пречекала полицаецот подготвена, и на прашањето ’како можам да ви помогнам’ веќе имала подготвен одговор. Можете да ме из*бете- викнала како од топ.
Мариа Монтанез-Колон, вдовица (58) од градот Пунта Горд во Флорида, била уапсена во петокот навечер затоа што го злоупотребила бројот наменет за итни случаи, 911.
Навистина, од нејзината гледна точка ситуацијата била критична, бидејќи според нејзината изјава, со години немала секс, меѓутоа полицијата за нејзината ’ситуација’ немала разбирање и завршила во затвор.
Монтанез-Колон повикала 911 (полиција) со цел полицијата да го врати автомобилот на нејзиниот покоен сопруг што денес го користи нејзиниот син. Кога полицијата пристигнала пред нејзината куќа за да види за што станува збор, таа скокнала на полицаецот кој дошол велејќи му „Земи ме, бев многу лоша“.
На униформираниот човек веднаш му признала дека е многу секси, па со веќе подготвен одговор на прашањето за тоа како може да и помогне, рекла: „Можеш да ме из*беш“, одговорила попалената госпоѓа која претходно и пиела алкохол, па го фатила полицаецот за рака и почнала да го трие неговиот прст.
На нејзино големо разочарување, и покрај признавањето дека „со години немала задоволстово“, полицаецот ја одбил понудата, па го напуштил нејзиниот праг со предупредување дека на бројот 911 да не се јавува освен ако не е во невоља, кое пак Мартинез го игнорирала.
Наскоро бројот повторно го побарала, и на диспечерката се пожалила дека полицаецот ја налутил и побарала да и пратат нов:
„Морам да ви кажам дека полицискиот службеник, кој го испративте беше совршен господин, но кога побарав од него да ме ’земе’, тој ме одби и тоа ме налути- рекла на телефон што на крајот ја доведе зад решетки.