Темни кармини за готски изглед

Летово трендовите за шминката и за изледот на лицето диктираат нежно и суптилно нашминкани очи и доминантни кармини во темни бои. Кафената, црвената, виолетовата, па дури и црната боја се ин.

Иако потплите сезони обично носат и посвежи, корални бои, сезонава славните веднаш се фрлија на готските трендови што доминираа во деведесетите години на минатиот век. Џенифер Лопез, Лана дел Реј, Кејт Босворт и Камила Бел се дел од познатите убавици кои одлучија да ги одбегнуваат пастелните тонови.

Сепак, стилистите нагласуваат дека при изборот на кармин со смела боја, важно е да се посвети внимание на тенот. Посветлите девојки треба да одберат нијанса што содржи розова нота, во боја на некое јагодесто овошје. Девојките, пак, кои имаат потемен тен со златен сјај, треба да се одлучат за кармини во кои суптилно се провлекува бојата на цигла.

Конечно, неазвисно од тенот и бојата, важна е и текстурата на карминот. Најдобри се кармините што имаат нежна и лесна текстура, а при шминкањето прво нанесете го карминот директно на усните, а потоа размачкајте го со помош на мала четкичка.

- Реклама -