Да гледате филмови за возрасни, да им давате наслови и од тоа да заработувате од 500 до 1000 долари месечно, за некого звучи како работа од соништата.Меѓутоа, освен неверојатната динамика пред екранот, поради работата од дома и контактите исклучиво преку интернет, Мирела Познановиќ од Србија, тврди дека ова знае да биде рутинска работа.
Работата бара добро познавање на сленг и синоними на англиски јазик, но и креативност.
Добиваш документ од неколку илјади линкови со видео – клипови, гледаш десетици исечоци, заклучуваш што се случува и ставаш наслов или краток опис. Секако е поинтересно од вообичаните работни обврски, но кога мораш да опишеш секс на илјада начини, порано или подоцна тоа станува напорно – вели Мирела Познановиќ.
Оваа девојка, ангажирана од американска компанија што уредува неколку илјади вакви сајтови, нормално на англиски, вели дека познавањето на сленг, синоними и креативноста се клучни во насловите.
Како што вели, иако е свесна дека не пишува доволно квалитетно за да добие Пулицерова награда, таа се забавува внесувајќи парафразирани наслови а некое книжевно дело или филм, надевајќи се дека некој ќе го препознае тоа. Чисто да ги разбие предрасудите дека во порнографијата нема интелигентни шеги и содржини, односно барем во насловите.
Нејзината колешка Ана Јеремиќ денес работи како администратор на неколку илјади сајтови и ја контролира работата на модераторите.
– Имаме еден основен сајт на кој се ставаат сите содржини од останатите сајтови што ги контролираме и преку него одлучуваме што ќе се пушти, а што не. Некои сајтови се само за запознавање, па она што е „поинтимно“ не може да помине. А и кај еротските филмови – оние што се „потешки“ од тоа не влегуваат во категоријата.
Нејзиниот тим го образуваат 25 луѓе од Србија, а минималната плата им е 500 долари. Се работи осум часа дневно, а најчеста посета во текот на денот е наутро околу шест, кога кај американците полека настапува ноќта.
– Понекогаш мораш да имаш јак желудник, а некогаш видеото е едукативно. Да речеме, не можев ни да замислам што се луѓето сметаат за фетиш.3Q31.dpuf